Ракометарките Вардар СЦЈС успешно ја поминаа првата пречка, екипата на Свиленград (Бугарија) во Челинџ купот, откако денеска по втор пат ги совладаа со 29:22, за пласман во 1/8 финалето.

„Црвено-црните“ очекувано го добија овој дуел, откако уште во Бугарија се виде дека квалитетот на вардарки е далеку подобар од ракометарките на Свиленград. Тие го полека но сигурно го повторуваат успехот од минатата сезона во Челинџ купот, кога загубија во 1/4 финалето од екипата на Карпати и не успееа да се пласираат во полуфиналето.

ГЛавна цел на Симовски и неговите ракометарки е повторувањето на успехот од лани. Засега им оди според планот, но ќе мораат повеќе да се подготват за следните предизвици.

Среќно!

  • Вардар СЦЈС – Свиленград 29-22 (14-11)

Вардар СЦЈС: Белмезова, Прленда 1, Стојановска 3, трпковска 2, Ѓорѓиевска 2, Николовска 1, Митова 3, Бојаџиска 2, Тодоровска 3, Нолевска 2, Петковска, Керамитчиева 7, Мишевска 1, Божиноска 2, Гичевска, Велкова.

Свиленград: Баламова, Захарова 2, Илиева 3, Арсенова 1, Димитрова 1, Радева 2, Миланова 6, Георгиева 3, Дојкинова, Александрова, Христова, Агова 4.