Вардар се враќа поразен од Германија, во натпревар каде избраниците на Раул Гонзалес не успеа да издвојат позитивен резултат против Рајн Некар. Натпревар во кој ракометарите на Вардар одиграа многу шарлантно, еден од послабите натпревари оваа сезона.
Добро го отворија натпреварот, направија минимална предност од 2-3 гола, која ја оддржуваа до самиот крај на првото полувреме. Но, сепак во нападот многу тешко се стигаше до чиста позиција. Разултатот во првото полувреме го одржуваа расположените Душебаев, Циндриќ и Гробок. Единствените ракометари кои покажаа нешто на овој натпревар, крилата беа отсечени, како и на кружната позиција, одлично го затворија Тоскиќ. Со што на полувреме се замина со минимално водство од 13:14.
Во второто полувреме ракометарите на Рајн Некар ја зацврстија одбраната, добро ги затворија Душебаев и Горбок. Со што остана Цинриќ сам да пробува во нападот, со што уште во првите минути германците го превзедоа водстото. Водство кое го одржуваа до 55-та минута, кога Вардар го израмни резултатот на 25:25. Кога сите очекуваа конечно Вардар да одигра во своето предпознатливо светло, се случи спротивното. Без идеја во нападот, во одбраната го оставија Шмид да постигне лесни два погодици, кои беа клучни за минималната победа на Рајн Некар и конечни 28:27 за германците.
Натпревар кој покажа дека Вардар можеше многу подобро да одигра, со оглед како одиграа вардаровите ракометари.
Најефикасен на натпреварот беше Горбок со 7 погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Шмид до 10 постигнати погодоци.
Следен натпревар на Вардар е веќе следната недела на домашен терен, против екипата на Кристијанштад.