Ракометарите на Вардар одиграа сигурно против словенечкиот шампион Целје, каде ја забележа 9-та победа во рамките од Лигата на шампионите. Победа со која се врати на првото место во својата група, само еден бод повеќе од Рајн Некар Левен.
Уште во првите 10 минути, вардарци покажаа дека нема што да бараат ракометарите на Целје во Скопје, освен да си заминат поразени. Одлично го отворија натпреварот, сигурни во нападот и цврсти во одбраната, која уште по 10 минути игра им донесе резутат од 7:3. Предност која „црвено-црните“ успешно ја одржуваа со самиот крај на првото полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 20:15.
Во второто полувреме видовме една иста слика, се играше разновидно во нападот и цврсто во одбраната. Со што ракометарите на Целје не можеа да најдат решение во нападот, а кога тоа ќе го пронајдеа, на голот беше Штербик кој беше повторно феноменален на натпреварот. Гонзалес менуваше многу во својот состав, но тоа не смени ништо во резултатот. Само рутинуирано го обработија своето сите ракометари на Вардар и на крајот издвојуваа победа од 35:30, з анови бодови, со кои се вратија на првото место во групата Б.
Најефикасни на натпреварот беа Душебаев со 8, Дибиров и Шишкарев со по 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Млакар, кој постига 8 погодоци,