Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе 37:29 во рамките од 16-коло, во регионалната СЕХА лига. На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната на Вардар му е потребна една победа за да го обезбеди првото место пред завршниот турнир.
Гостите од Хрватска се покажаа како незгоден противник, одиграа солудно прво полувреме (17-16) и достојно му парираа на фаворизираниот Вардар. Но, во вториот дел се увиде евидентната разлика во квалитет, по што после 26-та минута „црвено-црните“ со серија од 4-0 се одлепија и продолжуваа само да го зголемуваат водството, за конечни 37:29.
Најефикасни на натпреварот беа Чупиќ со 8 и Дибиров со 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Ведран Зрниќ со 7 постигнати погодоци. На голот вардарци го имаа разположениот Петар Ангелов-Диви кој натпеварот го заврши со 15 одбрани.
„Одработевме 2 тренинзи во комплетен состав по еден месец. Сите добија шанса да играат и малку комбиниравме 6-0 и 5-1 во одбрана. Во првото полувреме имавме малку повеќе грешки. Ја искористивме малку нервозата кај нив и некои технички грешки. Знаеме дека за десетина дена не чека меч од ЛШ. Во недела имаме уште еден меч за воигрување. Му честитам на Нексе за борбеноста, се држеа колку што можеа. Квалитетот е на наша страна и ние рутински го завршивме мечот” – изјави на пресот Чупиќ.
Во претпоследното коло Вардар на 5-ти февруари ќе гостува во Словенија кај екипата на Горење.