Во првиот натпревар сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Кристијанштад со 23:28.

Тешки им беа нозете на почетокот на натпреварот, каде не функционираше ниту нападот, ниту одбраната. По што домаќините го искористија тоа и веќе во 12-та минута имаа водство од 7:4. Но, по тајмаутот на Гонзалес, ракометарите на Вардар направија серија од 5:0, по што го превзедоа водството, кое домаќините не успеаја да го вратат со самиот крај на натпреварот. Одбраната почна да функционира, а кога ќе кикснеа, го имаа Штребик на голот, кој беше расположен денеска. Нападот стана разновиден, под палка на Душебаев кој беше расположен за надмудрување со противникот. Па не случајно вардарци заминаа со 12:15 на полувреме.

Во второто полувреме „црвено-црните“ не застанаа, повторно со мини серија ја зголемина предноста, па во 35-та минута на семафорот гласеше 13:18. За потоа рутински го завршат овој натпревар и ја забележат првата победа, со конечни 23:28.

Изјавите после натпреварот:

„Ова е наш прв натпревар во ЛШ. Важна победа за нас, зашто знаеме дека некои од фаворитите од групата тука сигурно ќе загубат бодови. Можеби ние не бевме секогаш добри, но Арпад Штербик беше тука да не спаси.“ – изјави Стоилов.

„Честитки до Кристијанштад. Играа одличен натпревар. На почетокот одигравме добра 5-1 одбрана, но и тие беа одлични во нападот. Потоа сменивме, а имавме и доста лесни голови. Среќни сме дека победивме тука, знаевме дека ќе биде тешко зашто Кристијанштад има млада но надежна екипаи, и на сите други екипи ќе им биде тешко да играат на овој терен.“ – изјави Гонзалес.