Ракометарите на Вардар издвојуваа победа над незгодната екипа на Мешков Брест, во рамките од 6-то коло во Лигата на шампионите. Победа со која „црвено-црните“ се искачуваат на второто место во групата Б.
Вардарци добро го започнаа првото полувреме, поведувајќи со 2-0. Со тешки нозе после двата порази се надигруваа со ракометарите на Мешков Брест, кои одлично им парираа и создаваа проблеми во играта. Вардарци во одбраната немаа решение за пикерите на Брест, голманите повторно потфрлија, во нападот повторно се правеа грешки. Сето тоа придонесе да се игра гол за гол, и на полувреме да се замине со минимална предност од 19:17.
Во второто полувреме фуриорно започна со мини серија од 3-0 и одлепување од противникот со 5 погодоци разлика (18-15). Но, ракометарите на Мешков Брест брзо се консолидираа во своите редови и продолжија со истата игра како во првото полувреме. Повторно се играше гол за гол, се до 50-тата минута на натпреварот. Кога на голот застана третиот голман на Вардар, младиот Марко Кизиќ, кој забележа 4 одбрани во низа, со кои ги мотивираше вардарци и откажа ракометарите на Брест. После тоа „црвени-црните“ рутински ја завршија работата за победа над Мешков Брест, со резултат 36:31.
Најефикасни на натпреварот беа Кристопанс со 8, Чупиќ со 7 и Скубе со 6 постигнати погодоци. Додека кај гостите најефикасен беше Ваилулау со 8 постигнати погодоци.
Фото: Екипа.мк