Денес ракометарите на Вардар го пречекуваат хрватскиот шампион, ППД Загреб во рамките од 10-то коло од Лигата на шампионите. Благодарение на победите на Рајн Некар и Мешков Брест, против Киелце и Пик Сегет, на овој натпревар „црвено-црните“ ќе имаат шанса да се искачат на првото место во групата Б, дотолку издвојуваат победа над ППД Загреб.

Ракометарите на ППД Загрев пред два дена неочекувано загубија од Металург (25:22) во рамките од регионалната СЕХА лига. Но, тоа не мора ништо да значи, бидејќи овој натпревар е во рамките на Лигата на шампиони, каде секогаш има голема мотивација за победа.

Македонскиот шампион, Вардар е желен за одмазда за првиот пораз во ЛШ, кој им го нанесе ППД Загреб на домашен терен (28:27). Тренерот на Вардар, Гонзалес изјави дека на овој натпревар треба да одиграат максимално и да издвојуваат многу значајна победа на домашен терен.

„Игравме трипати против Загреб оваа сезона. Ги победивме во Скопје во рамки на СЕХА-лигата со доста проблеми, додека во ЛШ загубивме на гости. Треба да играме максимално ангажирано, да бидеме подготвени на се. Задоволен сум како трениравме целата недела, но ќе мора да се покажеме. Ќе ни биде потребна и поддршка и од публиката. Групата е тесна, дома не смее да загубиме“ – изјави Раул Гонзалез.

Додека на пресот, капитенот Столе Стоилов изјави дека ги очекува еден тежок натпревар, во кој најважно од се е да се победи.

„Мора да заборавиме на се претходно, на нашите порази како и на фактот дека ППД Загреб загуби од Металург. Ќе биде навистина тежок натпревар, најважно од се е да се победи. Да не се повторат грешките и „киксовите“ кои ги правевме против Рајн Некар“ – изјави Стоилов.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ1.