Ракометарите на Вардар се победници на Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Битола го совладаа Металург со резулетат 30:26.
Натпревар во кој ракометарите на Металург солидно се спротиставија на фаворизираниот Вардар. Борејќи се рамноправно се до 19-та минута, каде „црвено-црните“ почнаа полека резултатски да се одлепуваат. Првото полувреме заврши со резултат 14:12, по што во второто полувреме ракометарите на Вардар рутинирано го донесоа натпреваров во својата полза, за 13-тата титула во Купот на Македонија.
Даинис Криштопанс беше прогласен за МВП на натпреварот, а најдобар голман беше прогласен Мартин Томовски од Металург. Филип Кузмановски и Халил Јагањац ја поделија наградата за најдобар стрелец.