Вечерва ракометарите на Вардар убедливо славеа против Целје со 29:40, во рамките на СЕХА лигата. Четврта победа во петте натпревари досега, покажува дека Вардар полека но сигурно, сериозно си ја сфаќа работата и во секој натпревар е се подобар и подобар. Единствениот кикс на Вардар беше првиот натпревар на домашен терен против Брест Мешков, кога одиграа реми.

Натпреварот започна изедначено, се играше гол за гол се до 13-та минута, кога на семафорот резултатот беше 7:7. За веднаш потоа „црвено-црните“ направат серија од 8-1, за водство од 8:15. Одличната цврста одбрана и разновидноста во нападот, беа нерешителна загатка за збунетите ракометари на Целје. Серијата во која домаќините немаа постигнато 10 минути погодок, беше клучна за распадот на играта на словенците и обезбедување на солидна предност на полувреме со 13:20.

Во второто полувреме Штербик настапи на сцена, кој со неколку одлични одбрани (18 одбрани во текот на натпреварот) не дозволуваше домаќините да се вратат во игра. Ракометарите на Целје на два пати пробаа да се вратат, еднаш во 40-та кога намалија на -6 (19:25) и во 45-та минута кога резултатот беше 23:28, но беше неуспешно. Повторно со нова серија вардарци се одлепија и веќе во 52-та минута ги имаа највисоките до тој момент, 9 погодоци (24:33). За потоа последните минути бидат една рутина за нашиот шампион, кој заслужено триумфираше со убедливи 29:40.

Најефикасен на натпреварот беше Тимур Дибиров со 8 погодоци без ниедно промашување, додека кај домаќините најефикасни беа Млакар и Жвизеј со по 7 постигнати погодоци.

Вардар следниот натпревар во СЕХА лигата ќе го одигра во вторник (20-ти септември) на домашен терен, против екипата на Татран Прешов. Последен натпревар пред почетокот на Лигата на шампионите.