Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа ја заврши календарската 2015 година. Вечерва вардарци очекувано убедливо ја совладаа екипата на Спартак Војпут со 36:18, во рамките од СЕХА лигата.
Со 11 победи и еден нерешен резултат, Вардар со вкупно 34 освоени бодови ќе презими на првото место на табелата во СЕХА. Веднаш зад нив е екипата на Веспрем со вкупно 28 бодови, но 4 натпревари помалку.
Најефикасни кај Вардар беа Лазаров со 10 и Македа со 6 погодоци, додека одличен на голот беше Ангелов со 11 интервенции. Кај гостинската екипа најефикасен беше Лојанчиќ со 4 погодоци.
По саботните два натпревари Веспрем – Татран Прешов и ППД Загреб – Борац, следува пауза до 2-ри Фебруари следната година.