Ракометарите на Вардар очекувано на вчерашниот натпревар против Татран Прешив убедливо славеа со 38:21, во рамките на СЕХА лигата. Победа со која се зацврстија на врвот на табелата, што дополнително ќе влијае на самодовербата на избраниците на Раул гонзалес пред почетокот на Лигата на шампионите овој викенд.

Вардари супериорно влегоа во натпреварот и за брзо време направија солидна предност од 5 погодоци. Ракометарите на Татран Прешов пробуваа да ја пробијат одбраната 5-1 на „црвено-црните“, но тоа беше безуспешно. Како што проаѓаше натпреварот, така предноста се зголемуваше, за на крај предноста достигне до 17 погодоци.

Гонзалес имаше шанса да ги ротира сите играчи на овој натпревар, па добија минутажа Недановски и Поповски, кои се запишаа во листата на стрелците.

Најефикасен на натпреварот кај домаќините беше Душебаев со 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Рабек со истотака 6 постигнати погодоци.