Ракометарите на Вардар стигнаа до многу важна победа (34:30) против незгодниот Пик Сегед, со која останува лидер на табелата во групата А со 3 бода пред Нант кој загуби вчера од ППД Загреб.
Како што и се очекуваше незгодниот Пик Сегед ги измачи „црвено-црните“, во еден тежок и неизвесен натпревар во сите 60 минути. Одигрувајќи едно тешко прво полувреме со лоша одбрана, но сепак на полувреме заминаа со минимална предност од 2 погодока (16:14).
Вардарци на почетокот од вториот дел ја поправија играта во одбрана и тоа веднаш влијаеше на резултатот. По 6 минути игра, ракометарите на Вардар ја стекнаа најголемата предност на натпреварот (21:16). Но, и покрај негативата ракометарите на Пик Сегед не се откажаа и повторно се вратија во игра, за веќе во 45-та минута се доближија на само еден погодок негатива (25:24).
Потоа играчите на унгарскиот тим имаа две можности да израмнат, но во тие моменти две добри интервенции имаше Милиќ. Клучните моменти за триумф се случија во последните две минути кога гостите ризикуваа и играа без голман, а Шишкарев и Карачиќ го искористија празниот гол за конечни 34:30.
Најефиксни на натпреварот беа Дибиров со 11 и Циндриќ со 7 постигнати погодоци. Штребик го заврши мечот со 6, а Милиќ со 5 интервенции.
Следниот викенд ракометарите на Вардар му гостуваат на Нант и доколку победат, математички остануваат први. Во случај на пораз, директен пласман во четвртфинале ќе можат да обезбедат во последното коло со Висла Плоцк на домашен терен.