Вардар го победи Мешков Брест и се врати во победнички ритам во продолжението од Лигата на шампионите.
Натпревар во кој „црвено-црните“ настапија без Вуко Борозан поради суспензијата од ЕХФ, каде стартуваа несигурно на стартот и беа во негатива, но во финишот имаа одлична завршница во која на крај ја обезбедија 5-тата победа и се вратија на лидерската позиција во групата А.
Ракометарите на Вардар помалку резервирано влегоа во дуелот, а Мешков Брест со извонредната поддршка од голманот Иван Пешиќ го контролираше резултатот и одржуваше предност од 1-2 гола разлика до 17-та минута, кога со 5-тиот гол на Карачиќ вардарци дојдоа со првото водство (9-8). Сепак, на полувремето резултатот беше израмнет 14:14.
Во второто полувреме породолжи рамноправно се до 41-та минута, кога вардарци направија серија од 5-0 и се одлепија резултатски (25:19) во 49-та минута. Предност која ја задржаа до самиот крај и со конечен резултат 30:23 славеја над незгодниот Мешков Брест.
Најеикасен на натпреварот беше Игор Карачиќ со 11 постигнати погодоци, додека Иван Чупиќ и Тимур Дибиров постигнаа по 7 погодоци. Додека кај гостите најефикасен беше Александер Шкурински со 5 постигнати погодоци.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите, Вардар повторно ќе го игра на домашен терен на 11-ти Ноември во Скопје против екипата на Барселона.
Фото: www.rkvardar.mk