Ракометарите на Вардар не ја искористија првата меч топка, за да ја потврдат првата позиција во групата Б во рамките од пред последното коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на тешкото гостување во Белорусија беа поразни од Мешков Брест со резултат 30:26, со што за да ја осигураат првата позиција која носи директно во 1/4 финалето, ќе мора на последниот натпревар во Скопје да одиграат минимум нерешено против Кристијанштад. Кој вечерва направи големо изненадување на домашен терен, совладувајќи го Киелце со 29:25.

Вардар одигра добро само во првите 20 минути, по што го загубија својот ритам и со серија на грешки дозволија на ракометарите на Мешков Брест да го превзедат резулатот во нивна корист и да продолжат да ја играат својата игра, која на крај им донесе голема победа, која е од големо значење за борбата со Пик Сегед за 4-то место на табелата. Иван Пешиќ беше феноменален на голот на Мешков Брест и со 10 одбрани во првиот дел, беше еден од најзаслужните за пресвртот на домаќините.

Најефикасни на натпреварот беа Игор Карачиќ и Иван Чуипиќ со по 5 постигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Остоушко и Кристофанс со по 7 постигнати погодоци.

*Последниот натпревар од групната фаза во ЛШ против Кристијанштад, вардарци ќе го одиграат на 12-ти март во „Јане Сандански“.