Ракометарите на Вардар загубија од екипата на ПСЖ со 29:28 во натпреварот за 3-то место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Во натпревар каде „црвено-црните“ беа без првиот голман Арпад Штербик и столбот во одбраната Абутовиќ, немаа сила да се спротистават на составот на ПСЖ.
Како и вчера, така и денес добро го отворија натпреварот. Цврство во одбраната и разновидно во наапдот, по што уште на самиот почеток поведоа со 7:3. Но, посел тоа повторно играта на Вардар беше како и против МОнпелје, се играше тешко и гол за гол. Со многу технички грешки на двете страни, резултатот се до самиот крај се менуваше со 1 гол разлика за двете екипи. За на крај, ракометарите на Вардар да направат две технички грешки, кои французите успешно ги казнија и го освоија 3-тото место.
Најефикасни кај Вардар беа Лука Циндриќ со 7 и Хорхе Македа со 6 постигнати погодоци, додека кај ПСЖ најефикасен беше Недим Ремили со 9 постигнати погодоци.
Во финалето, ракометарите на Монпелје покажаа поголема борбеност и искуство, со кои го совладаат Нант (32:26) и станаа новиот европски шампион. Македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров повторно имаше блескава партија во која постигна 6 погодоци, но сепак залудни за на крајот.