Македонија и покрај се, мора да се признае дека одигра одличен натпревар против селекцијата на Чешка, иако несреќно и наивно на крајот го загуби.
Младиот Мартин Велковски беше една од светлите точки на овој натпревар, користејќи ја шансата што му се укажа со несаканата повреда на капитенот Кире Лазаров. Против Шпанија го совлада тремата и големиот притисок кој беше врз него, но синоќа го покажа својот квалитет со својата одлична игра. Одлично ги разигруваше своите играчи, каде подели 3 асистенции и постигна 4 погодоци.
„Пред се честитки до селекцијата на Чешка на победата. По убедливиот пораз од Шпанија никој не очекуваше да играме волку добро. Бевме навистина добри до 50. минута, но за жал загубивме здив кога беше најважно. Тоа е што е, мораме да продолжиме, секако дека сме многу тажни, се надевам дека барем ги направивме горди Македонците со начинот на кој игравме во првите педесетина минути“ – изјави Велковски.
Еден од погодоците на Мартин Велковски: