На вчерашниот натпревар на РК Металург против Елверум, во рамките од првото коло во Лигата на шампионите, Филип Талески одигра феноменален натпревар, во кој постигна дури 13 погодоци.

Никогаш посмирен и сигурен во својата игра, вистински капитен. Кога беше најпотребно, тој погодуваше ладнокрво. Одличен примебе беше последниот напад, во кој го постигна својот погодок за голема победа на Металург, на стартот од новата сезона.

Уживајте во неговите погодоци, капа доле Талески!