Вардар во саботата се врати на првото место во својата група од Лигата на шампионите, откако убедливо славеше против хрватскиот шампион ППД Загреб со резултат 25:20.

Еден од најзаслужните за оваа голема победа беше шпанецот Алекс Душебаев, кој одигра феноменална партија и постигна 7 погодоци. По што, заслужено се најде во изборот на ЕХФ за тимот на колото во ЛШ.

Тимот на колото:

  • Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
  • Лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
  • Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
  • Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
  • Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
  • Пикер: Толга Озбахар (Бешикташ)
  • Голман: Андреас Паличка (Рајн Некар)

Видеото за тимот на колото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.