ЖРК Вардар успеа да се пласира на фајнал-фор натпреварите од Лигата на шампионките и покрај вчерашната загуба на гостувањето кај Ларвик. Натпревар во кој повторно блескаше голманката на ЖРВ Вардар, Амандин Лејно!
Лејно е во одлична форма, тоа го покажа повторно на вчерашниот натпревар, каде имаше вкупно 17 одбранети удари. Доволно за една од многуте одбрани да се најде на првото место за најдобра одбрана од реванш натпреварите во Лигата на шампионки.
Се надеваме дека Лејно ќе ја задржи оваа форма во фајнал-фор, бидејќи во спротивно ќе биде многу тешко за вардарки ако не ја подобрат својата одбрана на следните натпревари.
Двојната одбрана на Лејно може да ја погледнете ТУКА.