Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ со својот погодок во последните секунди од натпреварот, донесе голема радост кај сите љубители на македонскиот ракомет. Гол за голема победа над големата Барселона (26:25) и обезбедување пласман во големото финале, каде „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите со ракометарите на ПСЖ.
Циндриќ беше прогласен за МВП на натпреварот, а во својата изјава истакна дека одат чекор по чекор кон остварување на сонот, но ќе биде тешко против ПСЖ во утрешното финале.
„Одиме чекор по чекор и еве тука сме, во финалето. ПСЖ има навистина квалитетни играчи и сигурно ќе биде многу тешко. Ни останува да се одмориме вечерва и потоа да се обидеме да победиме и утре“ – изјави Циндриќ
Бомбата на Цинриќ: