Македонската репрезентација одигра еден феноменален натпревар, освојувајќи бод против актуелниот европско првак, репрезентацијата на Германија.

Двојниот „цепелин“ на Кире Лазаров и Гоце Георгиевски предизвика овации во „Загрепска Арена“, а „шраубата“ на Столе Столиов ги остави Германците со подзинати усти.