Во петокот попладне во Автокоманда се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор. Овој натпревар важеше за дерби на колото што и како таков се покажа во текот на натпреварот. Овој пат нема да ја коментирам играта на двете екипи, туку судиските одлуки на судискиот пар Илиева-Карбеска, а посебно на Силвана Карбеска.

Свесни сме сите дека на секој натпревар на секој судија може да му се подкрадне по некоја ситна судиска грешка, чекори, двојно водење, исклучување кои реално кажано судиите на овој натпревар не ги судеа и за двете екипи. Меѓутоа дамка и сомнеж на судиското знаење или пристрасноста на еден судија стави Карбеска со својата одлука во последните 10 секунди од натпреварот, кога при напад на ЖРК Металург непосредно пред нејзините очи наместо пенал над десното крило Елена Петковска, театрално и одважно досуди пробивање од страна на Петковска, при што непосредно можеби влијаеше на конечниот резултат.

За волја на вистината и во интерес на фер и коректното судење, како и едукација на млади ракометарки и ракометари го испраќам овој текст поткрепен со видео, па ракометните стручњаци и спортската јавност нека погледнат добро и дадат свое видување на оваа контроверзна одлука на Карбеска во клучен момент во самиот финиш на овој натпревар. Со оглед на тоа дека овој судиски пар постојано суди на дерби натпреварите помеѓу овие две екипи небаре се претплатени и го имаат ексклузивното право или пак не постојат други судиски парови во РМ, се поставува прашањето:

„По чии ноти свири свирчето на Карбеска или пак едноставно толку од судиското знаење?!“

Автор на текстот е М.П