Како што сите добро знаеме, шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас неодамна потпиша три годишен договор со екипата на Вардар.Во новата сезона тој ќе биде биде четвртиот шпанец кај „црвено-црните“ по Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев кои сега се дел од тимот, заедно со тренерот Раул Гонзалез и неговиот асистент Давид Дејвис Камара.
Во пресрет на неговото доаѓање добивме видео од Момчило Анѓелески, во кое се одбрани неколку од неговите најдобрите потези во досегашната кариера.
МакРакомет му се заблагодарува на Анѓелески, уживајте во убавите потези на новиот вардарец од следната сезона!
Факти за Жоан Кањелас
Позиција: Лев – Среден бек
Години: 29
Репрезентација: Шпанијаа (131 настапи/355 гола)
- Кариера: БМ Гањољерс (2004-2006), Барселона (2005-2008), Гарњољерс (2008-2009), Сиудад Реал (2009-2011), Атлетико Мадрид (2011-2013), Хамбург (2013-2014), Кил (2014 – )
- Успеси: Првак на Шпанија (2005/2006, 2009/2010), Кралски Куп на Шпанија (2006/2007, 2010/2011), Шпански Суперкуп 2007, Првак на Германија (2015), Супер Куп на Германија (2014, 2015), Бронзен медал на СП 2011, Светски првак со Шпанија на СП 2013, Бронзен медал на ЕП 2014, Сребрен медал од ЕП 2016, Финалист на ЛШ со Сиудад Реал и Атлетико Мадрид (2011, 2012), Победник на ИХФ Супер глоуб (2010, 2012), Најдобар стрелец на ЕП 2014 година (50 гола)