Двајцата новинари

Новинарот на германската телевизија „ЗДФ“, синоќа пред натпреварот помеѓу Германија и Холандија на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка доби топка во глава, бидејќи ракометарите во негова близина се загреваа. Секоја чест ја Јорк Полус, кој и покрај силниот удар продолжи да известува со насмевка на лицето.

Нешто слично се случи кај нас во Скопје, после натпревар во Бизнис лигата на фудбал. За време на интервјуто, некој од спортистите ненамерно го удри новинарот со топка по главата. Секоја чест и за него, кој и покрај силниот удар го заврши интервјуто.

Не е лесно да си новинар!