Европскиот шампион Вардар претстојниот викенд ќе биде на тежок испит – да стане првиот тим во машка конкуренција што ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, откако е воведен завршниот турнир.
Денес ЕХФ објави видео со наслов „Доаѓа денот, картите се на маса!“, во кое се прикажани настапите на „црвено-црните“ во досегашниот дел од сезоната, како најава за почетокот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.