Филип Талески е дел од најдобрите 5 погодоци за 9-то коло од Лигата на шампионите. Откако на саботниот натпревар против Ла Риоха, постигна одличен погодок, со кој ја собра „пајажината“ од аголот на голот на противникот.
За жал, ракометарите на Металург го загубија тој натпревар, со што и шансите за пласман во следната рунда.
Најубавите пет погодоци можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.