Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски повторно се најде во Топ 5 најубави погодоци во рамките од 24-то коло во француското првенство.

На натпреварот во кој Тулуз загуби минимано со 24:23 од екипата на Шарте, нашиот репрезентативец постигна само еден погодок, кој се најде на четвртото место во изборот на најубави погодоци.

Нашиот репрезентативец е во одлична форма, форма која очекуваме да ја одржи до клучниот бараж дуел со репрезентацијата на Чешка за престојното СП во Франција.