Македонската женска репрезентација направи чудо на вчерашниот натпревар против фаворизираниот Исланд, во рамките од последниот натпревар од квалификациската група за бараж натпревар за СП 2017 во Германија.

Кога сите ние ги отпишавме во саботата, после поразот од Австрија, младите ракометарки се мотивираа и покажаа дека можат да се носат со посилните репрезентации. Го победија Исланд со 7 погодици, онолку колку што беше потребно за нашата репрезентација да заврши на првите две места и избори пласман во баражот.

Но, драмата да биде поголема, седмиот погодок го постигна Елена Ѓорѓиевска во самиот финиш!

МакРакомет им честита на овој успех, бидејќи после долго време македонската женска репрезентација почна да оди полека во нагорна линија!

Уште еднаш погодокот на Ѓорѓиевска: