Оценките се едногласни – Лино Червар го доби дуелот со селекторот на репрезентацијата на Тунис. Со своето однесување, тактика, автореитет и чувство за измени, Червар имаше голем придонес во вчерашниот триумф.
Инсистираше на напад со 7 играчи, во вистински момент направи измена на голманите, во вистински момент ја смени одбраната од 5-1 во 6-0.
А како и секогаш, особено интересно ги водеше тајм-аутите на репрезентацијата на Македонија.
Како тоа изгледаше, може да погледнете во следното видео.