Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров на денешниот натпревар против Словенија го постигна 1.000 погодок за Македонија. Тоа беше првиот погодок на денешниот натпревар, удар од седум метри.

Пред мундијалот Лазаров имаше 977 погодоци за македонската репрезентација, па по првите два натпревари на кои постигна 22 и овој денешниот, се запиша во историјата на нашата репрезентација.

Честитки!