Ракометарките на ЖРК Вардар можеби го одигра најдобриот завршен турнир во Лигата на шампионите, но за жал повторно останаа без титула, откако синоќа го загубија финалниот натпревар против Ѓер со 27:26.

Како утеха, раководството на ЕХФ ги избра Андреа Лекиќ и Амандин Лејно да бидат дел од трите ѕвезди на ЕХФ на овој Ф4 турнир во Будимпешта. Покрај нив, место во одбраното друштво имаше само за една европска шампионка, Нике Грот од Ѓер.

Најдобрите потези на трите ѕвезди можете да ги погледнете на овој линк