македонска публика

Одличниот Мартин Пресилски повторно не израдува со едно убаво видео, овојпат за нашите бестрашни ракометари кои го оставија срцето на терен на ЕП во Хрватска.

На одличен начин ја прикажува борбеноста во нашата игра низ целото ЕП во Хрватска, низ сите натпревари кои ни носеа радост и тага. Но, ова ЕП ќе остане во сеќавање како најдобро одиграно досега, на кое бевме најблиску до полуфиналето!

МакРакомет му се заблагодарува на Мартин Пресилски, уживајте во видеото!

Повеќе видеа од Мартин Пресилски може да видите на неговиот Youtube канал => MP’™