македонија публика

Во пресрет на Европското првенство во Полска, еуфоријата помеѓу љубителите на македонскиот ракомет се зголемува. Полека, но сигурно целата јавност се насочува кон нашите репрезентативци. Се прават најразлични слики, видеа и анализи за престојното ЕП, на кое нашата репрезентација ќе проба да обезбеди што подобар пласман, како и долго очекуваните предолимписки квалификации за ОИ во Рио.

Едно од таквите видеа ни прати Мартин Пресилски, кој направил одлична најава за престојното ЕП во Полска.

МакРакомет му се заблагодарува на Мартин Пресилски, уживајте во видеото!