Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски на престојното Европско првенство во Полска, одигра две одлични партии против репрезентациите на Франција и Полска, каде забележа доста добри одбрани. Одбрани кои беа клучни за тие натпревари, за одржувањето на резултатската неизвесност. Но, после тие два натпревари, како да спласна нашиот голман, на натпреварите против Србија и Хрватска како да не постоеше на голот. Да се надевам дека оовие два натпревари беа само лоши деновиве за Ристовски, како и за нашата целокупна репрезентација и дека веќе во следниот натпревар против Норвешка ќе блеснат, со што ќе ја издвојат првата победа на ова ЕП.

Уживајте во одбраните на Борко Ристовски!