Десното крило Никола Костески, oткако си замина од Металург во турскиот тим Селка Ескисехир, остана некако бледа сенка во домашната ракометна јавност.

Но, Костески игра одлични партии во турскиот шампионат и со својот клуб обезбеди место во европските купови за следната сезона.

Актуелно помеѓу ракометарите стана постигнување погодок од корнер, па не изостана и Никола Костески кој на тренинг постигна атрактивен погодок.