Вардар на вчерашниот натпревар против екипата на Висла Плок славеше минимално со 25:24. Натпревар во кој Арпад Штербик беше одличен на голот, особено во клучните моменти во финишот на натпреварот, кога имаше два фантастични одбрани на голот, со кои го остави Вардар до крај во игра за четвртфинале.

Штербик на оваа средба оствари 15 одбрани, меѓу кои и оваа последната, најважната за Вардар.