Ракометарите на Вардар издвојуваа многу значајна победа на гостувањето во Унгарија, против незгодната екипа на Пик Сегед со 21:23 во рамките од 11-то коло во Лигата на шампионите. Победа со која се најде на чекор до директен пласман во 1.4 финалето во ова натпреварување.
Главните виновници за оваа голема победа беа Арпад Штербик и Тимур Дибиров, кои во клучните моменти одиграа на високо ниво. Штербик имаше клучни одбрани, а Дибиров икраде неколку топки, што беше доволно за оваа голема победа на гостински терен.
Штербик со 14 одбрани и Дибиров со 6 постигнати погодоци заслужено се во изборот на ЕХФ во идеалниот тим на колото во ЛШ.
Најдобрите потези од сите играчи може да ги погледнете на следниот ЛИНК