Голманот на РК Вардар, Арпад Штербик одигра феноменална партија против европскиот шампион Киелце. Кога беше најпотребно тој ги откажуваше ракометарите на Киелце, со што беше еден од главните виновници за оваа голема победа.
Вардар го победи убедливо Киелце со 40:34, а Штербик го заврши натпреварот со 14 одбрани. Одлични одбрани, од кои луѓето од ЕХФ ја одбраа одбраната на пеналот на Кус и ја прогласија за најдобра одбрана на 6-то коло во Лигата на шампионите.
Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете на овој ЛИНК.