Вардар го победи ППД Загреб со 25-20 во рамките од 10то коло од групната фаза во Лигата на шампионите, прв по зимската пауза во ЛШ. Со седмата победа во групната фаза, македонскиот шампион се искачи на првото место во групата Б од Лигата на шампионите.

Голем удел во оваа голема победа имаше и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој натпреварот го заврши со 13 одбраните удари, од кои една одбрана се најде во Топ 5 одбрани на колото, на 4-та позиција.

Веќе претпознатливата одбрана на Штербик, како и другите четири, може да ги видите на следниот ЛИНК.