Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и шпанскиот интернационалц од рдовит ена Вардар, Алкс Душебаев се избрани во идеалниот тим на 1-то коло во Лигата на шампионите.

Одличната партија на Талески против Еверум и 13-те постигнати погодоци, сосема заслужено луѓето од ЕХФ го сместија во идеалниот тим, како најдобар лев бек. Во истиот тим се најде и вардарецот, Душебаев кој одигра истотака одличен натпревар на гостувањето кај Кристијанштад. Душебаев беше најрасположен за игра, вистински предводник на „црвено-црните“, кој натпреварот го заврши со 7 постигнати погодоци и заслужено беше прогласен за најдобар денес бек за ова прво коло во ЛШ.

Изборот на ЕХФ за најдобрите од стартната рунда натпревари во ЛШ може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Идеалниот тим во првото коло од ЛШ:

  • Филип Ивиќ (Кјелце, голман)
  • Уве Генсхајмер (ПСЖ, лево крило)
  • Филип Талески (Металург, лев бек)
  • Кентин Мае (Фленсбург, среден бек)
  • Алекс Душебаев (Вардар, десен бек)
  • Каспер Килделунд (Холстебро, десно крило)
  • Толга Озбахар (Бешикташ, пикер)