Во пресрет на Европското првенство во Полска, еуфоријата помеѓу љубителите на македонскиот ракомет се зголемува. Полека, но сигурно целата јавност се насочува кон нашите репрезентативци. Се прават најразлични слики, видеа и анализи за престојното ЕП, на кое нашата репрезентација ќе проба да обезбеди што подобар пласман, како и долго очекуваните предолимписки квалификации за ОИ во Рио.
Едно од таквите видеа ни прати Момчило Анѓелески, кој направил избор на Топ 10 погодоци на нашата репрезентација во последните неколку години.
МакРакомет му се заблагодарува на Момчило Анѓелески, уживајте во убавите потези на нашите репрезентативци!