Ви ги претставуваме најдобрите 15 погодоци од првата фаза на Европското првеснтво во Хрватска, каде други 3 погодоци се дело на нашите репрезентативци.

Погодокот на Филип Талески против Словенија се најде на 6-та позиција, после тоа добро познатата шрауба на Стојанче Стоилов на 4-та позиција и феноменалниот цепелин на Гоце Георгиевски и Кире Лазаров се најде на првото место!

Уживајте во прекрасните погодоци!