ЕХФ направи избор за најубавите 30 гола во Лигата на шампионите за 2015 година, во кој две ракометарки на ЖРК Вардар (Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ) се најдоа со своите погодоци.

– Андреа Лекиќ се најде на два пати, на 13-то место со одличниот гол од далечина, против екипата на Динамо и на 28-то со голот од шест метри против Лајпциг.
– Јованка Радичевиќ се најде на 15-то место со убавиот цепелинот, по асистенцијата на Андреа Пенезиќ во четвртфиналето со Ѓер, во Скопје.

Ви ги преставуваме 30-те најдобри голови за 2015 година, уживајте!