Ракометарите на Вардар со големата победа над германскиот шампион, Рајн Некар Левен уште еднаш покажаа зошто се актуелни шампиони во Лигата на шампионите. А Вуко Борозан со своите 7 постигнати погодоци уште еднаш демонстрираше зошто важи за ракометен бомбардер од светска класа.
Како еден од најзаслужните за големата победа на „црвено-црните“, сосем оправдано се најде во идеалниот тим како најдобар лев бек на 8-то коло.
Идеален тим на 8-то коло во Лигата на шампионите:
- Голман: Сирил Думулан (Нант)
- Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
- Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
- Десен бек: Золт Балог (ПИК Сегед)
- Десно крило: Ласе Сван (Фленсбург)
- Кружен напаѓач: Патрик Винчек (Кил)
- Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
Видеото од идеалниот тим на колото може да го видите на следниот ЛИНК.