Македонскиот голман Златко Даскалоски, кој ги брани боите на романскиот клуб Темишвар е во одлична форма сезонава! Тој е клучниот играч на оваа екипа и даде значаен придонес за пласманот во плеј-офот на романското првенство.
Темишвар ја заврши сезоната како 5-то пласиран и ќе ги одмери силите против 4-то пласираната Стеауа во плеј-офот. На последниот натпревар во победата над Одорхеи (28:21), Даскалоски уште еднаш ја потврди својата форма со 15-те одбрани и еден пенал.
Ви преставувме видео од неколкуте одлични одбрани на Даскалоски во екипата на Темишвар, уживајте!