Нашите два претставника во Лигата на Шампионите, Вардар и Металург оваа година ќе се погрижат за тоа да имаме една добра ракометна сезона со гостувања од најдобрите европски екипи во Скопје.

Вардар оваа сезона ќе не претставува во група Б, заедно со Рајн Некар Левен, ППД Загреб, Мешков Брест, Пик Сегед, Цеље, Кристијанштад и минатогодишниот првак во Лигата на шампионите, екипата на Киелце. Првиот натпревар шампионот на Македонија го игра на гостински терен, против екипата на Кристијанштад. Вардарци веќе доволно “загреани“ по добро прикажаните игри во СЕХА лигата, во очекување е добро да се престават во ЛШ и со победа да за започнат новата сезона. Иако само на хартија групата на Вардар е “послаба“ во однос групата А (Барселона, ПСЖ, Веспрем, Кил, Фленсбург, Силкеборг, Висла Плок и Кадетен), целта на „црвено-црните“ е дa се освои едно од првите две места, за да се добие што е можно полесен противник во четвртфиналето.

За разлика од Вардар, екипата на Металург се наоѓа во групата Ц, заедно со Ла Риоха, Чеховски Медведи, Монпелје, Татран Прешов, и првата пречка Елверум. Во првите три одиграни натпревари во СЕХА лигата, ракометарите на Металург покажаа добри игри, кои на крај ги заокружија со победа над Татран Прешов. Победа за самодоверба на екипата која е главно составена од млади и желни момци за докажување, пред кои им престои добра иднина.

Па сега останува на нас, да ги исполниме СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ оваа сезона. Да не бидеме само пасивни гледачи од домовите, туку со поддршка на терените, бидејќи тоа им е потребно на нашите два најдобри екипи.

Веќе утре може да им дадете поддршка на ракометарите на Металург, на кој им е најмногу потребно за надополнување на недостатокот на искуството.

Автор: Б.А