Македонскиот репрезентативец, Влатко Митков е во одлична форма оваа сезона. Одигра многу одлични натпревари оваа полусезона во Медикал Кремс, со што заслужено неговата екипа се најде на 3-та позиција на табелата. Сето ова без сомнение беше доволно да го изберат во идеалниот тим на австриското првенство по завршувањето на есенската полусезона.

Митков се наоѓа во Топ 10 стрелци во лигата, на 9-та позиција со вкупно 96 погодоци, со просек по 5.33 погодоци на натпревар.

МакРакомет му честита и вооедно очекува да продолжи со оваа форма, како на клупско така и на репрезентативно ниво, каде го очекува настап на ЕП во Полска.