Јуниорите како што добро знаеме во квалификацискиот турнир што се одржа пред некој ден, се пласираа на Европското првенство во Данска. Денес ЕХФ ги одреди четирите „шешири“ во кои ги распредели 16-те репрезентации учеснички.

Македонската репрезентација бидејќи заврши на второто место во својата група се најде во четвртиот „шешир“, заедно со репрезентациите на Шведска, Полска и Русија. Репрезентаци против кои нема да играме во групата во првата фаза на ЕП во Данска.

  • Прв „шешир“: Франција, Унгарија, Шпанија и Данска.
  • Втор „шешир“: Германија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.
  • Трет „шешир“: Хрватска, Србија, Холандија и Словенија.
  • Четврти „шешир“: Шведска, Полска, Македонија и Русија.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 13-ти Април(среда), со почеток од 18 часот.