Деновиве бевме сведоци на неколку дерби натпревари во СЕХА лигата. Во хрватското дерби ППД Загреб го совлада Нексе 28:22, Горење Велење загуби на домашен терен минимално од Цеље Пививарна Лашко со 26:27 во словенечкото дерби, а во македонското Металург загуби истотака минимално од Вардар 24:25.
Уште од почетокот на оваа сезона со одигрување на почетните натпревари СЕХА го завзема местото на супер силна лига во ракометна Европа. Секој натпревар веќе се издигнува на ниво на дерби. Особено интересно за нас беше дуелот Металург – Вардар. Во СЦ „Борис Трајковски” младиот и полетен тим на Металург ни покажаа што значи да се сака и игра ракомет, а сепак тоа да не е за националниот дрес. Мотивирани од новиот почеток на СЕХА натпреварувањето, во кое што лани не учествуваа, дополнително им даде поттик да му се спротистават и тоа во првото коло на тимот на Вардар.
Лино Червар и овој пат се покажа и докажа дека е во врвот во тренерските води во спортот, без исклучок. Младиот тим на Металург без искусни и реномирани ѕвезди даде одличен отпор против шампионот на Македонија. На голманската позиција Д.Арсиќ беше одличен што му дава одлична надеж за тимот во иднина. Оној од кој се очекува многу, капитенот на тимот Филип Талески беше одличен, ја превзема одговорноста токму кога требаше што и се очекуваше од него во последните неколку минути со постигнување неколку гола.
Раул Гонзалес без капитенот Стојанче Стоилов и без А.Штербик, И.Абутовиќ и Х.Македа, очигледно ослабен влезе во овој натпревар. Можеби и неочекувано од тренерот на Вардар, Металург покажа добар ракомет. Освен А.Душебаев и Т.Дибиров останатите Вардарци беа на нивото на кое што знаат и можат.
На металурзите сепак им недостасуваше она искуство кое го имаат вардарци, па последниот напад не го искористија и загубија во битката со “посилниот”. Додека на екипата на Вардар како и на мечот со Мешков Брест очигледно им недостасува поголема борбеност уиграност и дисциплина за и оваа година стигнат до Ф4 во СЕХА а зошто не и во Лигата на Шампиони.
Ова одлично дерби дава надеж за иднината на македонскиот ракомет. Зошто да не се врати во блиска иднина и вистинскиот шмек на ова дерби како до пред некоја година. По прикажаното се очекува добра се надеваме и плодна сезона како во СЕХА така и во Лигата на Шампионите за нашите најголеми клуба.
Автор Б.А