Ракометарите на Вардар се на чекор до голем успех, но пред себе го имаат незгодниот германски тим на Фленсбург. Кој во 2014-та година го елиминираше Вардар баш во 1/4 финалето, за потоа во наредните две сезони „црвено-црните“ загубат од Киелце и Веспрем.

Предводникот на екипата, Љубомир Врањеш се надева на повторување на 2014 година, но знае дека овојпат ќе биде уште потешкордар.

„Тие се многу силни оваа сезона. Ќе биде екстремно тешко за нас да преминеме преку оваа пречка, но се надеваме дека повторно ќе се пласираме во Келн и историјата ќе се повтори, а ние ќе бидеме победници во меѓусебното четвртфинале. Судбината ќе биде во наши раце и во Европа и во Бундеслигата“ – изјави Љубомир Врањеш.

Натпреварот започнува во 17:30 часот, со директен пренос на МРТ!